Политика за приватност

1. МИОА за потребите на фунцкионирање на системот а согласно законски одредби ги собира следниве видови на информации:
• Колачиња - Кога ќе ја посетите веб апликацијата, ние испраќаме едно или повеќе колачиња до вашиот интернет прелистувач. Тие ќе се користат за да се подобри квалитетот на нашите услуги, вклучувајќи ги и за складирање на корисничките преференци, подобрување на резултатите од пребарување.
• Информации при пријавување - Кога корисникот ќе пристапи до системот преку интернет пребарувач серверите на МИОА автоматски запишуваат одредени информации во логови. Овие серверски логови вклучуваат информации како што се веб барање, корисничка интеракција со услуга, интернет протокол адреса, датумот и времето на барање.

2. Размена на информации
МИОА под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.

3. Безбедноста на информациите
МИОА презема соодветни безбедносни мерки за заштита од неовластен пристап или неовластена промена, откривање или уништување на податоците на корисниците. Тие мерки вклучуваат внатрешни прегледи на процесите на собирање податоци, складирање и практики на обработка и мерки на безбедност, вклучувајќи соодветна енкрипција и физички безбедносни мерки за да се заштитат од неовластен пристап системите каде што се чуваат податоците на корисниците. МИОА го ограничува пристапот до податоците на граѓаните и за вработените во МИОА, како и изведувачите. Со изведувачите кои работат на развој, оддржување и измени на системот, пред да им се дозволи пристап до податоците, се склучува договор за неоткривање на податоци. Изведувачите правни лица и физичките лица кои директно имаат пристап до податоците се обврзани со договор за доверливост.

4. Заштита на приватноста и личните податоци
Внесените податоци ќе се користат со цел исклучуво за автентификација на тој корисник со дадената услуга од соодветната институција. При собирањето, обработката и чувањето на личните податоци, во случај на потреба за нивно користење ќе се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци и соодветните подзаконски акти. Користењето на вашите податоци на начин различен од намената за која се собрани, ќе биде исклучиво со ваша согласност пред таквата употреба.

5. Пристап и ажурирање на податоците на корисниците
Кога ги користите услугите на системот на е-учење, пристапот до вашите податоци е обезбеден, како и можноста истите да се променат доколку настанала измена во нивните вредности. Ова подразбира и нивно бришење. Согласно законски определби, природата на податоците и начинот на кој ќе се одржуваат услугите, откако ќе бидат избришани податоците, копиите од податоците се чуваат согласно со Законот за архивски материјал и подзаконските акти.