Услови за користење

Системот за управување со учењето, или систем за е-учење СУУ/LMS и услугите кои тој ги нуди функционираат согласно условите и правилата, наведени подолу. Според тоа, ако не се согласувате со едно или повеќе од правилата за користењето на апликацијата, имате право да се воздржите од негово користење (без разлика дали станува збор за целосно или делумно користење), во спротивно ќе се смета дека во целост се согласувате со користењето на сите информации и услуги кои се понудени преку оваа апликација.

1. Права и обврски на корисниците

Должни сте да ги почитувате условите за користење на системот за управување со учење, опишани во точките подолу.

2. Јазик на Условите

Јазикот на Условите е македонскиот јазик. Во случај да користите надворешен преведувач за превод на Условите, се согласувате дека преводот е предвиден исклучиво за Ваша лична погодност и дека правосилни се Условите на македонски јазик.

3. Креирање на корисничка сметка

Корисничка сметка за еден корисник се отвора со целосно спроведување на процедурата за регистрирање на институции и корисници (преземи).

5. Безбедност на вашите лозинки и вашата сметка

Вие се согласувате дека сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката поврзана со вашата сметка преку која ги користите услугите на Системот. Согласно, вие се согласувате дека ќе бидете единствено одговорни пред Министерството за информатичко општество и администрација за сите активности кои се случуваат на профилот на вашата корисничка сметка. Доколку имате сознанија дека на вашата корисничка сметка се најавило друго лице, треба веднаш да го известите Министерството за информатичко општество и администрација на lms_helpdesk@mioa.gov.mk.

6. Ажурирања на системот

Министерството за информатичко општество и администрација го задржува правото да изврши подобрувања и надградби на системот, како поради законски измени така и заради развој и подобрувања на системот при давањето услуги. За сите измени, а особено ако истите имаат влијание на користење на услугите на системот, ќе бидете информирани преку вести на почетната страна на системот.