Каталог со обуки

Body:

Дава преглед на  дизајнирањето политики како мошне комплексен процес на кој треба да се смета како силна страна, но и индикатор за добро владеење на власта, како и за земјата во целина; штетите и загубите од слабите политики, во материјални или во друга форма; чекорите во креирањето политики, разбирање и соочување со предизвиците; алатки за создавање ефективни политики;  разбирањето на  проблемите и слабостите што произлегуваат од контекстот и нивно преточување во остварливи акциски планови.

Body:

Нуди практичен пристап кон работата на менторот во јавната администрација, начини имплементирање на одредбите од новиот Закон за административни службеници што се однесуваат на менторство преку создавање на заедничка култура на менторство.

Body:

Запознава со клучните новини што произлегуваат од новите закони за јавна администрација, концептот и опфатот на новите два закони (ЗВЈС и ЗАС);  класификацијата на вработените во јавниот сектор и на административните службеници; општите и посебните услови за вработување на административни службеници; видови вработувања, постапки за вработување и за унапредување; управување со ефектот и дисциплинска и материјална одговорност на административен службеник; новини и директни обврски за јавните институции, вработените и државните службеници.

Body:

Запознава со важноста јавните политики и програми да бидат евалуирани,  нивните резултати треба да бидат „научно“ и отворено оценети и дебатирани, евалуацијата како клучна фаза од планирањето, користење на евалуацијата на систематски начин, основата на ефикасниот систем за набљудување и методи за евалуација.

Body:

Опфаќа вовед во процесот на Функционална анализа како алатка за стратешко планирање, преку интерактивно разгледување на образложението, пристапот, подготовката, алатките и концептите кои се користат при спроведување на анализата.

Body:

Одговара на прашањата што е проценка на влијанието на регулативата (ПВР), за кои закони и како се прави ПВР, од што се состои ПВР.

Body:

Ги опфаќа поимите за еднаквост, еднакви можности и разноликост, и нивната важност, правната основа за недискриминација и еднакви можности, придобивките за вработените и за корисниците на услугите.

Body:

Укажува на важноста на заштитата на личните податоци, штетите што можат да настанат ако тие не се заштита, обврските од Законот за заштита на личните податоци и усогласување со прописите за заштита на личните податоци, правото на поединецот на пристап до сопствените лични податоци.

Body:

Опфаќа информации за слободниот пристап кон информации како фундаментално човеково право.

Body:

Се однесува на тимовите, тимска работа, важноста на ефективните тимови за постигнување на резултати. 

Body:

Ги опфаќа темите во врска со односот кон учењето, креирање на атмосфера на учење и развој, видови учење, но и планирање на индивидуалниот развој на вработените, менторство, како насоки за и следење на ефектите од учењето

Body:

Дава насоки за добра организација на работата преку поставување на цели (поврзување на организациски, секторски и индивидуални цели во работењето), следење на резултатите и оценување на резултатите од работењето, како и ефектите и влијанието од работењето. Во курсот се третира и темата на делегирање

Body:

Подучува за ефективните начини за решавање проблеми, за начините на носење одлуки, како и совети за успешно управување со конфликти преку алатките на преговори и медијација

Body:

Ги опфаќа темите на односите со клиентите, градење на партнерства. Тој дава упатства како да се препознаваат потребите на клиентите, како и да се подобрат процесите.

 
Body:

Помага за развивање на стратешка свест, успешно планирање, следење и оценка на стратегиите како и насоки за поттикнување на иновациите во администрацијата на РМ.

Body:

Говори за управување со изведбата, 360 степени фидбек, за мотивација и за извлекување на најдоброто од вработените. Овој курс ги опфаќа и темите на ефективно лидерство, раководење, емоционална интелигенција, различност (diversity) како и оценување на работните достигнувања

Body:

Ги обработува начините за успешна комуникација, вештините на презентирање, како и моделите за остварување на влијание во заедницата и градење на односи со јавноста

Pages